Коментаторство

„Ај-Си-Ес“ е стручњак за коментаторство и пренос во живо, особено на спортски настани.

Ова го правиме независно, со коментаторство „од телевизор“, кога спикерите врз основа на видео пренос даваат оригинални аудио коментари. Во можност сме и да работиме со сопствениците на правата, за да можеме да вршиме пренос и да ги комерцијализираме службените преноси.

На букмејкерите коментаторството им е важно, зашто им го разубавува искуството на клиентите кои се обложуваат и ги поттикнува уште да се обложуваат за време на натпреварот, а истовремено може да се искористи во популарни телефонски услуги и апликации за радио.

Обезбедуваме независно коментаторство за сите натпревари од англиската Премиер лига, Лигата на шампионите и другите европски фудбалски лиги, како и од најважните меѓународни турнири во фудбал. Исто така сме официјални дистрибутери на коментаторство за трките со коњи во Велика Британија, што го обезбедуваме на сите јазици преку партнерството со GBI (Great British and Irish Racing), како и вршиме коментар на сите поголеми спортски настани како што е Светскиот рагби куп и позначајните натпревари во крикет.

Ние, исто така, можеме да обезбедиме текстуални коментари во живо во текот на мечевите кои се информативни и забавни заради тоа што се континуирани и со неформален стил. Во просек има околу 60 коментари во живо по меч, при што се опфаќаат сите клучни настани како голови, црвени и жолти картони и замени. Ние не пропуштаме да ги искоментираме и сите други важни аспекти на мечот, како што се тактиката, статистичките показатели за формата на тимовите, периодите на добра и слаба игра и клучните судиски одлуки.

Во меѓувреме, во рамките на нашето возбудливо радио шоу Football Live („Фудбал во живо“) добивате најактуелни информации за најновите резултати, најави на мечеви и известување за сите главни европски лиги секое саботно и неделно попладне.