Видео

ICS е специјализиран за продукција на специјално наменети видео материјали кои се атрактивни, економични и комплетирани во најкус можен рок, со што им овозможуваме на нашите клиенти да им понудат на своите корисници наменски и актуелни медиумски продукти.

Видеото е моќно средство за комуникација кое лесно се споделува и шири на социјалните медиуми. Со неговото објавување ви се овозможува збогатување на понудата на содржината на вашите сајтови, при што во исто време можете да развиете YouTube канал кој ќе содржи плејлиста на сите релевантни содржини која може да му биде од полза на вашиот клиент во неговата работа од повеќе аспекти.

Ние соработуваме со голем број на специјализирани репортери кои имаат големо искуство како новинари и презентери, што ни овозможува да ви обезбедуваме сеопфатно покривање на било која актуелна тема или настан.

На пример, нашите дописници можат да подготват забавни видео најави и анализа на викенд фудбалските мечеви, трки со коњи или било кој друг обложувачки настан кој може да биде брендиран според желбите на клиентот. Нашите стручни коментатори можат во текот на нивниот коментар да ги вклучат и обложувачките коефициенти и промоции со цел нивно рекламирање и поголема свесност за нив во јавноста.

ICS може исто така да подготви уникатни рекламни видео материјали за широк распон на области – за нас ниту една задача не е премала или преголема. Освен изработката на видео материјали за спортски настани, ние исто така имаме искуство во изработка на инструктивни видеа и забавна содржина на теми како што се славните личности, индустријата за забава и политиката.