Преведувачки услуги

„Ај-Си-Ес“ обезбедува превод и лектура на најразлични јазици за компании и поединци.

Преведуваме документи и вебсајтови во сите индустриски сектори и обезбедуваме содржина со различни стилови на пишување прилагодени на целната публика.

Работиме и со клиентите за да обезбедиме содржина соодветна за одредена земја, а и помагаме со изработка на маркетинг стратегии што се фокусирани на одредени територии.

На професионалната екипа ѝ е јасно дека клиентите работат и со куси рокови, па нудиме флексибилна и ефикасна услуга скроена по мерка, со конкурентни цени.