Партнерство

Партнерскиот маркетинг е меѓу најисплатливите начини за привлекување нови клиенти во бизнисот.

Екипата вешти и искусни стручњаци за партнерски маркетинг, која е составена од сопствен кадар, ви е на располагање да ви помогне во работата со постојните партнери и со зголемување на нивниот број, како и со отворање нови програми за партнерски маркетинг.

Тимот стручњаци се специјализира за изнаоѓање нови партнери и работа со партнери, и во можност е да досегне до голем број можни партнерски веб-сајтови, со што полесно ќе ја воспоставите и ќе ја проширите базата на партнери.

Во „Ај-Си-Ес“ услугите ги прилагодуваме на она што го барате, а кампањите за партнери ги водиме делумно или целосно, во зависност од потребите. И ова го нудиме на бројни јазици и во неколку земји.

Специјалисти сме за голем број индустрии, како што се игрите на среќа, осигурувањето, финансирањето, телекомуникациите, туризмот, спортот и малопродажбата. Работиме на краткорочни и долгорочни проекти, со јасни готови производи, и секогаш рентабилно.

Имаме постигнато огромни успеси со долгорочни кампањи за стабилни акционерски друштва (анг. blue chip companies) и со нашите цврсти врски, познавање на индустријата на партнерски маркетинг и приспособлива инфраструктура; нудиме стабилни услуги за партнерски маркетинг, што ги кроиме според потребите на поединечните клиенти.